Владата во Косово на денешната седница одобри три договори потпишани како дел од Берлинскиот процес, а тоа се за слободно движење само со лични карти за граѓаните на Србија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Албанија, како и за признавање на дипломи и стручни квалификации од тие држави.
Владината одлука ќе биде испратена до Собранието на ратификација.
Договорот на земјите од Западен Балкан за слободно движење само со лични карти, признавање на дипломи и професионални квалификации, беше потпишан на 3 ноември минатата година, на иницијатива на Германија како дел од Берлинскиот процес