Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за в.д. директори назначува лица со кривични пријави и со затворски казни

Ибрахим Ељези на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес, а Емил Јанески, исто така на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, е именуван за в.д. директор на КПД Прилеп. Зоран Ристов на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции е именуван за в.д. директор на КПД Затвор Струмица.

Овие три назначувања се од последната Седница на Владата и предизвикаа реакции во јавноста бидејќи и за двајцата именувани постојат докази за кривични активности.

Емил Јанески, член на ЗНАМ во 2020 година бил директор на ЈКП „Водовод и канализација“ – Прилеп и против него СВР Битола поднесе КРИВИЧНА пријава за „несовесно работење во службата“ и предизвикување штета врз буџетот од препријатието во висина од 2.3 милиони денари.

Тогаш, ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција бараше Јавното обвинителство да реагира и да ги расчисти сомнежите за наводната милионската проневера од Јанески.

За Ибрахим Ељези, кој именуван за в.д. заменик на директорот на КПД Идризово со отворено одделение во Велес, се појавија документи кои сведочат дека бил осуден и лежел 4 години затвор во Идризово, отворено одделение Велес за неовластено производство и пуштање во промет на дрога.

Сега, со одлука на Мицкоски, Ељези ќе биде директор на истиот затвор во кој лежел 4 години.

Дел од медиумите реагираа и за именувањето на Зоран Ристов, кој на истата владина седница е назначен за вршител на должност директор во КПУ Струмица.

Претходно Инфомакс објави дека новиот в.д директор на КПУ затвор Струмица, Зоран Ристов барал мито од осуденици, за што постои и видео снимка од сведоштво на еден осуденик. Настанот е пријавен во МВР и веќе има активна постапка во ОЈО, но нема пресуда за настанот, вели извор од затворот во Струмица за Инфомакс, медиумот што ја објави информацијата.

Зачлени се на нашиот е-билтен