Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Владата преживува на дневно-политички пи-ар – Без економска стратегија и само со кредити не може да очекуваме економски раст

Постои недостаток на структурни реформи, а и менаџирањето со еконосмките политики не е на завидно ниво, бидејќи Владата се занимава со дневно-политички пи-ар и стручно раководење со економијата, заклучуваат економистите Бранимир Јовановиќ, Ванчо Узунов и Синиша Пекевски

Токму затоа е очекувано што предивдувањата за Македонија од страна на Светската банка и ММФ дека ќе се намали економскиот раст, но голем проблем е и неизвоесноста што ја креира новата влада на економски план бидејќи единствената мерка која ја рекламира е унгарскиот кредит.

Според професорот на виенскиот институт Јовановиќ, Владата на Христијан Мицкоски нема прецизна визија како би се одвивал економскиот развој, туку е фокусирана на неефикасни краткорочни мерки и заеми од унгарија или пак државни обврзници.

-Задолжувањето не може да биде главната економска стратегија. Потребни се итни реформи и капитални инвестиции, вели Јовановиќ

Професорот Узунов, пак, вели дека владата ќе не одржува во ваква статус кво состојба долго време и дека и недостасува потенцијал за структурни промени, а се намалува и бројот на странски инвестиции. Според него дури и ветувањето за пензиите не било целосно, туку тие ќе го добијат на две рати.

– Не може да бидат економска категорија кадровските промени и дневно-политички потези, вели Узунов.

Пекевски фокусот го става на високата корупција и лошите економски политики, обвинувајќи ја Владата за зголемување на јавниот долг.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново