Владата сака да го врати паралелниот увоз на лекови предупредува СДСМ

Милошоски

СДСМ преку соопштение за јавност информира дека свиркачи од Министерството за здравство до нив доставиле информации дека Владата на Христијан Мицкоски го враќа паралелниот увоз на лекови со сомнителен квалитет, кој беше укинат во времето на СДСМ.

Според информациите Владата планира тоа да го направи преку измена на член од Закон.

„Информациите за намерите на власта ги потврдуваат и некои здруженија но и многу пациенти кои стравуваат од лекови со крајно лош квалитет опасни по здравјето. Токму преку паралелниот увоз на лекови власта на ДПМНЕ и Никола Груевски ги правеше најголемите криминали на штета на здравјето на граѓаните.

На пример, во 2016-та беше откриен скандал. дека во државава биле внесени фалсификувани лекови и тоа дел од нив беа откриени на Клиниката за онкологија каде се лекуваат пациенти болни од рак. Затоа СДСМ го забрани.

Но, криминалот за ДПМНЕ е поважен од здравјето на граѓаните. Оттука се овие обиди на власта да го врати паралелниот увоз на лекови. Само заради бизниси со тендери! За пари. Ова се случува во време на корупциски скандали и обиди на власта да дефокусира од темите со мигрантите и недостатокот на пари. На мала врата буктаат вакви сериозни и големи работи“ се неваедува во соопштението на СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен