Според најновото истражување за активна транспарентност, за која тврдат дека е независна невладина организација, Владата бележи огромен скок од 7 места за само една година – од 10-то место во 2024 на 3-то место оваа година, со вкупно 95% исполнетост. Од таму преку соопштение до медиумите информираат дека тоа не било случајност, туку резултат на континуирани политики и системски пристап во објавувањето на сите информации од јавен карактер.
„Овој резултат претставува најсилен демант на тврдењата дека Владата нешто крие напротив, ова е објективна потврда дека транспарентноста се унапредува и станува сè подлабоко вградено начело во работењето на институциите. Дополнително, одговорно посочуваме дека Владата нема неодговорено прашање, ниту намерно задоцнување во одговорите до медиумите и јавноста. Нашиот став е принципиелен, секоја информација која е од јавен интерес мора да биде достапна навреме и во целост“, пишува во владиното соопштение.