Високи челници на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, на чело со премиерот Христијан Мицкоски , денеска го отворија комплексот „Македонско село“. Директорот на Службата за општи и заедници работи, Ивица Томовски, на социјалните мрежи напиша дека ваквиот чин е со крајна цел тоа повторно да станело центар на културната размена, на традицијата, автентичната архитектура и туристичката понуда на Македонија.
„Македонско село ќе стане дестинација за домашни и странски гости, за ученици и студенти, за уметници и истражувачи, за сите кои сакаат да го почувствуваат духот на Македонија – жив, топол и горд. Горд сум на реотворањето на комплексот кој речиси седум години беше затворен и сведочеше за недомаќинско и неодговорно управување во минатото“, напишува Тоновски на социјалните мрежи.
„Денеска испративме јасна порака – кога постои визија, кога има одговорност и посветена работа, државниот имот може и мора да биде ставен во функција на граѓаните и националниот интерес. „Македонско село“, го враќаме како жив симбол на македонската историја, како економски двигател за локалниот развој и како пример дека кога државата управува чесно, резултатите се видливи и трајни“, напиша Томовски.