Влатко Ѓорчев безуспешно го молел Трамп да не ја урива Владата на Груевски

Влатко Ѓорчев е лицето од Македонија во Стејт Департментот на САД, кое молело да не биде срушена тогашната влада на Никола Груевски во 2017.

Кетрин О Нил, поранешна вработена во Стејт департментот, ова го тврди во поткастот на Тим Пул, а сега излезе и видео на кое таа го соопштува неговото име и фотографија. 

Според нејзините кажувања, тој за време на поранешната администрација на Доналд Трамп молел владините агенции на чело со САД да не ја уриваат македонската влада.

Но, очигледно безуспешно, иако тогаш во Македониа се водеше силна кампања за подршка на Трамп, а Велес беше прогласен за град на интернет саботажи од каде беа лиферувани лавина лажни вести преку измислени Фејсбук профили со кои се интервенираше во изборниот процес на САД.

Ова сведоштво на Кетрин О Нил ја отвора дилемата колку се навистина јаки врските на оваа Влада со администрацијата на Трамп како што тоа во јавноста се прикажува или е тоа само за домашна употреба.

Сепак можеби во меѓувреме Трамп го сменил ставот и нема ист однос кон Владата на Мицкоски како кон онаа на Груевски.

Но за тоа Трамп да го направи, треба да има голема причина која пред се ќе се заснива врз геостратешките интереси на САД за регионот. А тој засега најотворено застанува зад позициите на српскиот претседател Александар Вучиќ.

Како македонскиот интерес ќе се најде во оваа геостратешка игра, во која пак косовскиот премиер Албин Курти е јавно жигосан од американска страна и која имаше директно влијание врз изборите на Косово, останува да се види. Ова дотолку повеќе што коалицискиот партнер на ВМРО ДПМНЕ, Влен, е тесно поврзан со косовската политика на Курти и е негов голем подржувач.

Оттаму и можноста за прелевање на односите Приштина-Белград во Македонија е извесна.

Македонија во таа политчка дихотомија може да биде колатерална жртва определувајќи се за било која од страните.

Владата на Мицкоски мора да биде многу внимателна во градење на коалициските врски со претставниците на Влен во чии редови има и член на Самоопределување кој веќе најавува дека можеби ќе формира огранок во Македонија.

Тоа нема да биде незабележано од страна на Вучиќ, а што е поважно ниту од администрациата на Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен