Сообраќајот на државните патишта во Македонија, воглавно се одвива по претежно влажни коловози. Врнежи од снег има на планинските премини Ѓавато и Буково но без задржување на коловозот. Видливоста е намалена до 50м. Учесниците во сообраќајот да внимаваат на појава на магла до 80м на планинскиот премин Плетвар, Крушево до 50 м. Стража и на патниот правец Тетово – с.Лисец до 80 м.
Од 15. ноември минатата година па се до 15 март оваат година трае законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Од АМСМ соопштуваат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.