Уште поиронично ДУИ, притиснати од резултатот што ги очекува на локалните избори, се здружија со анти-НАТО и анти-ЕУ партијата на Апасиев во Гостивар, Тетово и Струга. А сега зборуваат за ЕУ!
Ова е истата ДУИ што, и покрај отвореното противење од нашите стратешки партнери, го измени Кривичниот законик за да го простре црвениот тепих за враќањето на Никола Груевски и за да го ослободи од затвор Сашо Мијалков. Денес, оваа ДУИ одеднаш е „загрижена“ за европскиот пат, додека корупцијата отсекогаш ѝ била секојдневна практика.
Три блиц прашања за ДУИ:
Кога Али Ахмети имал последна средба со релевантен меѓународен фактор?
Дали добивте одговор на писмата што ги праќавте „низ светот“?
Зошто му дозволивте на градоначалникот на Липково да краде и да ги труе жителите со арсен?
За разлика од ДУИ, која ја користи ЕУ само како параван, а во позадина ја хранеше корупцијата, ВЛЕН преку Планот за раст и Реформската агенда ја приближува државата до европските стандарди со конкретни реформи и инвестиции.