Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ ги склучила штетните договорите што ги чинат граѓаните 1,3 милијарда евра во арбитражните постапки

Против државата се водат арбитражни постапки со проценета вредност од 1,365 милијарди евра. Сите постапки се за периодот пред 2017 година кога се настанати наводните прекршувања на меѓународните договори за заштита на инвестиции. Како што соопшти Државниот завод за ревизија, постојат пет активни арбитражни постапки кои се водат против државата, а две се завршени во наша корист и нема штета. Во еден од предметите дури е исплатен надомест кон државата од три милиони евра.

Сепак денеска ВМРО-ДПМНе за овие постапки ја обвини претходната власт, поточно СДСМ и ДУИ иако и во извештајот на Државниот завод за ревизија се наведува за кои предмети станува збори во кој период биле склучени. Ревизијата нотира на потреба за утврдување на причините поради кои се покренати арбитражни постапки, со цел утврдување на одговорност.

-Несовесното раководење, договорите во четири очи, негрижата за јавното добро и години на владеење на тогашното ВМРО-ДПМНЕ ја изложуваат нашата држава на ризици и парите на нашите граѓани наместо да бидат употребени за развојни проекти сега ќе треба да се користат за одбрана на државата и нејзините интереси пред меѓународните спорови, рече тогаш вицепремиерот за европски прашања Фатмир Битиќи.

Последната постапка која е покрената минатата година е од групацијата „Амадеус и Амадеус дивелопмнт ДООЕЛ“ за случајот „Шпански скали“.

-На 18 август 2023 година од страна на групацијата е регистрирана арбитражна постапка против Република Северна Македонија според правилата и конвенцијата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови. Групацијата побарува надомест за прекршување на Билатералниот договор за поттикнување и заемна заштита на инвестициите кој го имаме со Владата на Република Албанија. Прелиминарните барање на тужителот се да платиме оштета за наводно претрпена загуба во износ што моментално се проценува на не помалку од 110 милиони американски долари.

Групацијата требало да гради комерцијална зграда и хотел во Скопје, а барала и изградба на скалила познати како „Шпански скали“.

Втората постапка која е покрената минатата година е од страна на „ФЦЛ Амбиенте“, за случајот приватен партнер на депонијата Дрисла.

-На 31 јули 2023 година од страна на „ФЦЛ Амбиенте“ регистрирана е арбитражна постапка против Република Северна Македонија според правилата и конвенцијата на Меѓународниот центар за решавање на инвестициски спорови. „ФЦЛ Амбиенте“ бара надомест од Трибуналот за прекршување според Договорот за меѓусебното поттикнување и заемна заштита на инвестициите што го имаме со Италијанската влада од 26 февруари 1997 година и меѓународните закони. Во оваа постапка износот на побарувањата не е наведен од страна на побарувачот и се вели дека ќе биде утврден во текот на постапката.

Договорот исто така е склучен во времето на владата на Никола Груевски во 2014 година, а италијанската компанија останала без својот удел во претпријаието „Дрисла“.

Владата секоја арбитражна постапка кога ќе заврши ја префрлаат во Обвинителството, кое понатаму треба да покрене постапка за барање на одговорност.

Зачлени се на нашиот е-билтен