Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ВМРО-ДПМНЕ призна дека во Скопје војуваат разулавени банди

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се однесува како нем набљудувач на случувањата во земјава, овој пат признавајќи дека нивниот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски не прави ништо за безбедноста на граѓаните.

„Престрелките на разулавените банди низ Скопје е директно масло на односите на СДС со скопското подземје и завојуваните групи чија моќ во време на СДС порасна а бизнисите цветаа“ соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, признавајќи дека МВР нема контрола врз бандите кои ја загрозуваат безбедноста на граѓаните.

Во соопштението, ВМРО-ДПМНЕ го потврдува тоа што граѓаните го зборуваат изминатите месеци, дека безбедноста во главниот град, но и во државата е загрозена, а во медиумите речиси секојдневно се известува за убиство, обид за убиство или престрелка.

Последен случај беше синоќешното пукање во скопски Чаир, каде што едно лице беше тешко повредено. Ова беше втор случај за еден месец млад човек да биде жртва, кога и во септември едно лице беше тешко повредено во пукање.

„Со Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ улиците станаа Див Запад, пукање има речиси секој ден, на секој чекор. Криминалните пресметки се во голем пораст, наместо ред и поредок се случува хаос. Неказнивоста и неефикасноста на МВР е празник за криминалците кои немаат страв од Тошковски и прават што сакаат“, порачуваат од СДСМ.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново