Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во 2050 година Македонија ќе има 1.519.000 жители

Населението во земјите од Западен Балкан до 2050 година ќе се намали за околу три милиони жители. Ако минатата година населението изнесуваше 16.977.000 милиони жители, до 2050 година ќе се намали на 13.975.000 милиони жители.

Според проценките на ОН, населението во Македонија од 1.836.000 милиони жители ќе се намали на 1.519.000, што е пад од 17,3 отсто.

Најголем пад во бројки се предвидува за Србија, која минатата година имаше 6.788.000 милиони жители, а во 2050 година ќе има 5.554.000 милиони, односно 1,2 милиони жители помалку, што е пад за 18,2 проценти.

Додека процентуално гледано најголемо намалување на жителите ќе има во Босна и Херцеговина и во Албанија.

ОН наведуваат дека БиХ од 3.194.000 милиони жители минатата година, во 2050 година ќе брои 2.469.000 милиони жители, што е за 22,7 отсто помалку, а Албанија од 2.822.000 милиони ќе „падне“ на 2.251.000 милиони жители, што е за 20,2 проценти помалку.

Додека населението во Црна Гора ќе забележи пад од 14,8 отсто односно од 628.000 ќе има 535.000 жители.

Зачлени се на нашиот е-билтен