Последните податоци на Европската конфедерација на синдикати покажуваат значителни разлики во висината на минималните плати меѓу земјите од Европската унија.
Минималната плата во Хрватска е 840 евра бруто месечно, што ја става на дното на рангирањето на ЕУ.
За споредба, земјите како Луксембург (2.571 евра), Германија (2.151 евра), Холандија (2.183 евра) и Ирска (2.146 евра) се издвојуваат со минимални плати над 2.000 евра, што обезбедува значително повисок стандард за нивните работници со најниски примања.
Во Франција оваа сума е 1.767 евра, додека во Шпанија минималната плата е 1.323 евра. Од друга страна, Бугарија има најниска сума во рамките на ЕУ, каде минималната плата е само 477 евра.
Во Хрватска веќе подолго време се водат дискусии за потребата од зголемување на минималната плата, бидејќи, иако таа постепено се зголемува, заостанува зад многу членки на Европската унија.
Прашањето за негово зголемување станува особено актуелно во светло на зголемените трошоци за живот и инфлацијата, кои сè повеќе ги оптоваруваат буџетите на домаќинствата.
Директива за минимална плата во ЕУ
Инаку, во однос на минималната плата, оваа година е важна за сите работници во земјите од Европската унија.
Имено, до 15 ноември треба да стапи на сила новата директива на ЕУ за минимални плати, со цел минималната плата на меѓународно ниво да биде еднаква на 60 отсто од просечната плата.
Дваесет и две од 27 земји-членки на Унијата имаат воспоставено национален минимален приход, што значи дека работодавците во овие земји се обврзани со закон да не плаќаат помала од националната минимална плата.
Во извештајот на Евростат се наведува дека од 10 земји кандидати и потенцијални членки на ЕУ, седум имале национална минимална плата, и тоа Црна Гора, Молдавија, Северна Македонија, Албанија, Србија, Турција и Украина.
„Сите земји кандидати и потенцијални кандидати со национална минимална плата, за кои се достапни податоци, имаат минимални плати кои се движат од 185 евра во Украина до 568 евра во Турција“, се наведува во гореспоменатиот извештај.
Иако Македонија не е членка на Европската унија, сепак има европски цени на прехрамбените но и на сите други производи. Според податоците во Службен весник број 67 од 28 март 2025 година во кој е објавена минималната плата за 2025 година која започна да се применува почнувајќи со исплатата на платата за месец март 2025 година, заклучно со платата за месец февруари 2026 година, минималната плата изнесува 400 евра.
„Согласно објавата минималната нето плата почнувајќи од платата за месец март 2025 година заклучно со платата за месец февруари 2026 година ќе изнесува 24.379 денари (минимална бруто плата од 36.037 денари)“, пишува во Службениот весник.