Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Албанија потврдена заплената на имот вреден 3,1 милион на висок полициски функционер, во Фиер денеска запленет имот од 1,8 милиони

Апелацискиот специјален суд во Тирана ја потврди одлуката на првостепениот специјален суд, кој по барање на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, СПАК, запленет е  имот на висок полициски функционер вреден 3,1 милион евра.

Станува збор за Олтион Бистри обвинет во досието „Метаморфоза“, кој раководел со значајни сектори во Министерството за внатрешни работи, бил и прв човек на полициски комесаријати во неколку градови а при  апсењето бил директор на оперативниот сектор во МВР.

Запленети се 10 стана, 22 дуќани, луксузна вила, парцела со површина од 200 квадратни метри во Тирана, гаража со површина од 87,8 м2  и возило „Ренџ ровер спорт“ произведен во 2012 година, стекнати од криминална активност.

Тој е обвинет за „пасивна корупција“, „откривање тајни податоци“ и „ бришење на докази од кривично дело или криминална активност“ и е зад решетки околу една година.

Во криминалната група меѓу другите се и еден бизнисмен и еден обвинител.

Во меѓувреме денеска Обвинителството на Фиер на А.М.(36) жител на овој град му заплени имот вреден 1,8 милиони евра стекнат од криминални активности.

Освен друг недвижен имот запленети се и скапи возила, меѓу кои “ферари” и “ламборџини”, скапи часовници и 120.000 евра во готовина.

Минатата година по налог на СПАК запленет беше имот вреден 41 милион евра стекнат од криминални активности. 

Зачлени се на нашиот е-билтен