Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Албанија со право на глас над 3,6 милиони граѓани, околу милион повеќе од резистентното население

На локалните избори, што во Албанија ќе се одржат на 14 мај, правото на глас треба да го остварат над 3,6 милиони албански граѓани.

Претседателот на Централната изборна комисија Илирјан Целибаши изјави дека во единствениот избирачки список запишани се 3.653.988 лица со право на глас.

– Споредено со бројот на резистентно население, што на крајот на секоја година го објавува Институтот за статистика, ИНСТАТ, последно, во јануари 2022 година, произлегува дека бројот на гласачи е околу милион поголем. Тоа поради фактот дека голем број албански граѓани поседуваат валидни документи за лична идентифкација и се државјани на земјата, иако живеат и работат во странство, наведуваат медиумите.

Целибаши исто така информираше и за бројот на политички субјекти, кои до сега се пријавиле за учество на изборите, за што крајниот рок е 27 март.

– Досега 21 политичка партија, како и една независна листа имаат поднесено барање за регистрација за учество на локалните избори на 14 мај. Комисијата исто така одлучи распределбата на средствата да се изврши по 31 март, кога е и крајниот рок политичките партии да ги поднесат финансиските извештаи за 2022 година, како што е предвидено и со изборниот законик. Нагласувам дека тоа нема никаква поврзаност со прашањето околу раководството, на Демократската партија (ПД), рече Целибаши.

Кога станува збор за ПД, во која функционираат две фракции, едната предводена од Сали Берша, а втората од Енкелед Алибеај, утре судот треба да пресече кој од нив е наследник на името, логото и печатот.

Инаку, за изборите на новата локлана власт во 61 општина, изборната кампања почнува на 14 април, на 8 мај завршува рокот за објавување анкети, додека на 13 мај завршува изборната кампања и настапува изборниот молк.

Зачлени се на нашиот е-билтен