Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во близина на грчкиот остров Гавдос спасени 74 мигранти

Во морскиот дел на 10 наутички милји југоисточно од грчкиот остров Гавдос, крајбрежната служба на Грција, рано утрово спасила 74 мигранти, јави дописничката на МИА од Атина.

Мигрантите со брод на крајбрежната служба биле пренесени на Крит и се во добра здравствена состојба, а според грчките медиуми мнозинството од спасените се од Египет, а меѓу мигрантите има и деца.

Локалните медиуми од Крит коментираат дека спасувачката акција е кусо пред посетата на островот на министерот за миграција и азил Димитрис Керидис.

Малиот остров Гавдос се наоѓа јужно од Крит и е најјужната точка на Грција.

Зачлени се на нашиот е-билтен