Во морскиот дел, на 50 наутички милји јужно од грчкиот остров Крит, утрово биле откриени и спасени 85 мигранти, соопштија од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Танкер што се наоѓал во близина ги презел мигрантите, кои потоа биле пренесени на островот.
Ова е втор случај со мигранти во близина на Крит во изминатите 24 часа, со оглед на тоа дека вчера, во јужниот дел од островот беа откриени и спасени 35 мигранти.