Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Бразил се одржува средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г20

Во Бразил денеска почнува дводневната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на Г20, на која ќе се разговара за глобалните тензии, начините за подобрување на мултилатералните организации и подготовките за годишниот Самит на организацијата.

Претседателот на Бразил, Луис Инасио Лула да Силва ја најави реформата на глобалното владеење, како и сузбивање на климатските промени и намалување на сиромаштијата како приоритет на Г20 за годинава. Но, со оглед на војната во Украина и во Појасот Газа дипломатите не се оптимисти дека предлозите за обновување на глобалното владеење лесно ќе бидат усвоени од 20-те најголеми економии во светот.

Средбата во Рио де Жанеиро денеска ќе почне со преглед на глобалната ситуација и конфликтите во светот. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров првпат ќе се сретнат по минатогодишниот состанок на министрите за надворешни работи на Г20 во Њу Делхи.

Се очекува Бразил да предложи одржување на втор состанок на шефовите на дипломатијата на Г20 во седиштето на Обединети нации во Њујорк, каде што ќе бидат поканети земјите-членки на Светската организација да разговараат на темата за глобалното владеење.

Најново