Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Брисел отворен Европскиот институт за вакцинологија Плоткин

 Во Брисел е отворен Европскиот институт за вакцинологија Плоткин, каде тимови од имунолози и микробиолози ќе работат на подобра борба против заразните болести во светот и ќе учествуваат во меѓународните напори за подготовка за следната пандемии, објави денеска порталот Фокус на Белгија (Focus on Belgium).

Институтот, со дополнителни центри во Брисел и Антверпен е иницијатива на два белгиски универзитети. Целта е да се забрза евалуацијата и развојот на идните вакцини. Институтот комбинира клинички, имунолошки и микробиолошки истражувања.

Институтот е отворен во нова зграда во Брисел која се простира на 3.600 квадратни метри, со модерни лаборатории кои овозможуваат безбедно ракување со опасни патогени бактерии, додава белгискиот портал.

Повеќе од 50 истражувачи работат во овие нови лаборатории за да ја проучуваат врската помеѓу патогените микроби и луѓето, да откријат нови начини за спречување, лекување на инфекции и поставување алатки за борба против идните пандемии.

Институтот е именуван по американскиот научник Стенли Плоткин (1932), кој стана еден од најголемите експерти во вакцинологијата. Тој одигра клучна улога во откривањето на вакцините против рубеола, беснило, ротавирус, детска парализа и варичела. 

Зачлени се на нашиот е-билтен