Првите излезни анкети за гласање за градоначалник во општина Чаир покажуваат дека Изет Меџити ќе ја однесе победата во првиот изборен круг.
Гласачките места беа отворени во 7:00 часот. Право на глас имаа 1 832 415 лица запишани во Избирачки список. Тие на 3474 избирачки места во земјата можеа да се изјаснат за 309 кандидати за градоначалници и 576 кандидатски листи за членови на општинските совети или за вкупно 10 490 кандидати.
На изборите учествуваат 22 партии, 19 коалиции и 119 групи на избирачи односно независни кандидатури. Најмногу кандидати за градоначалници има за Градот Скопје – 16.