Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

Во Чешка на парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

Во Чешка денеска во 14 часот започнаа изборите за Домот на пратениците, каде што ќе се одлучува не само за составот на Долниот дом на чешкиот Парламент, туку и за тоа која од 26-те партии и коалиции ќе може да биде претставена во идната влада, објави Чешкото радио.

За 200-те пратенички места во парламентот на овие избори има 4.462 кандидати, што значи дека во просек 22 лица се пријавуваат за едно пратеничко место.

Право на глас на деветтите избори во историјата на независноста на Чешка имаат околу осум милиони гласачи.

Гласачките места ќе бидат отворени денес до 22  часот, а потоа повторно утре од 8 до 14 часот.

Резултатите од изборите потоа ќе почнат да се објавуваат на изборната интернет страница, а ќе станат официјални по седницата на Државната изборна комисија во понеделник.

Аналитичарите проценуваат дека седум партии имаат реални шанси да го преминат изборниот праг и да влезат во парламентот, а партијата на поранешниот чешки премиер Андреј Бабиш се издвојува како главен фаворит, која, според анкетите, би можела да добие 30 проценти од гласовите.

Зачлени се на нашиот е-билтен