Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во централниот дел на Белград денеска беа залепени плакати со карта на „Голема Србија“

Во централниот дел на Белград денеска беа залепени плакати со карта на „Голема Србија“, која ја опфаќа територијата на денешна Македонија.

Постерите ги прикажуваат Доналд Трамп и Илон Маск со слоганот, кој ја копира предизборната порака на новоизбраниот американски претседател „Направете ја Америка повторно голема“: Да ја направиме Србија повторно голема. Постерите се дело на екстремно десничарското движење „Наши“. Според нив, во картата се вклучени и „историските српски земји“.

„Со оваа акција сакаме да потсетиме на потребата Србија да го заземе своето заслужено место на Балканот и во светот, со цел да се исправат историските неправди што му беа нанесени на нашиот народ во изминатите децении“, се вели во официјалното соопштение на движењето.

„Наши“ се декларираат како поддржувачи на Трамп, „кој се бореше за зачувување на суверенитетот на својата татковина и отворено се спротивстави на глобалистичките движења кои ги загрозуваат националните интереси“.

„Србија мора да ја врати својата големина и сила“, се вели исто така во соопштението. Движењето смета дека „Србија мора да се врати на местата кои историски и припаѓаат“.

Како што пренесува репортерот на БГНЕС, режимот на Александар Вучиќ постојано се фали со „блиски односи со поединци од најблиското опкружување на Трамп, а особено со неговиот зет Џаред Кушнер и поранешниот американски амбасадор во Германија, Ричард Гренел“.

Зачлени се на нашиот е-билтен