Во Црна Гора нападнати навивачи на Хрватска, полицијата трага по напаѓачите

Службениците на Управата на полиција, постапувајќи по пријава, веднаш воспоставиле блокади на патните правци со детална контрола на лица и возила, ја пронашле и утврдиле локацијата на инцидентот, каде што биле најдени и палки, соопшти полицијата.

Црногорската Управа полиција потврди дека во текот на неделната ноќ дошло до напад на возила со хрватски државјани на патот Цетиње – Будва, истакнувајќи дека интензивно работат на идентификација на одговорните лица.

Од полицијата предупредија дека насилниците и секој инцидент со елементи на насилство со кои се нарушува јавниот ред и мир ќе бидат откриени, а извршителите процесуирани, пренесуваат црногорските медиуми.

Потсетија и дека нападнатите лица не се движеле организирано ниту како навивачка група, туку индивидуално и се наоѓале во два автомобила.

„Управата полиција ќе преземе сите мерки и дејствија за откривање и процесуирање на сторителите на ова насилство“, соопштија од Управата полиција.

„Службениците на Управната полиција, постапувајќи по пријава, веднаш воспоставија блокади на патните правци, со детална контрола на лица и возила. Ја пронајдоа и утврдија локацијата на настанот, каде што беа најдени и палки, кои се одземени за соодветни вештачења. Со настанот е запознаено Основното државно обвинителство во Цетиње и во тек е прибирање известувања од лица, преземање видео надзор и преземање на сите мерки и дејствија за расветлување на случајот“, наведуваат од полицијата.

Натпреварот од квалификациите за Светското првенство меѓу фудбалските репрезентации на Црна Гора и Хрватска ќе се одигра во понеделник во Подгорица, а мечот претходно беше прогласен за настан со висок ризик.

Зачлени се на нашиот е-билтен