Данската влада прогласи вонредна мобилизација на резервниот состав поради растечка безбедносна закана.
Одлуката следи откако данскиот воздушен простор беше нарушен од неидентификувани беспилотни летала во текот на две последователни ноќи – петокот и саботата.
Претходно, на 22 септември, непознати дронови биле забележани над цивилни аеродроми во Копенхаген и Осло, што дополнително ја зголемило загриженоста на властите.
Официјалните институции не откриваат повеќе детали, но потврдуваат дека мобилизацијата има превентивен и одбранбен карактер поради растечките ризици за националната безбедност.