Општинската изборна комисија (ОИК) Ресен потврди дека точно во 7 часот утрово отворени се сите 50 гласачки места.
Според Единствениот избирачки список во Ресен право на глас имаат 15.488 гласачи. Во текот на вчерашниот ден ОИК Ресен организираше гласање на болни и немоќни лица.
И Општинската изборна комисија Демир Хисар потврди дека во 7 часот отворени се сите гласачки места на територијата на таа општина каде според Единствениот избирачки список право на глас имаат 6.531 гласачи кои може да гласаат на 41 избирачко место. Во текот на вчерашниот ден ОИК Демир Хисар овозможи и организираше гласање на болни и немоќни лица.
Гласачките места во општините Новаци и Могила исто така отворени се во 7 часот и се гласа.
На територијата на Општина Новаци се гласа на 24 гласачки места, а право на глас имаат 2.429 избирачи, додека на територијата на Општина Могила се гласа на 23 гласачки места, а право на глас имаат 4.661 жител на општината.
Во текот на вчерашниот ден и во двете општини гласаа пријавените болни и немоќни лица.