Во еден ден измамени двајца мажи од Тетово

МВР информира за два одвоени случаи на измама што вчера биле пријавени во СВР Тетово

На 06.04.2026 во 09:50 часот во СВР Тетово, 39-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од З.Ј. од Гостивар за сума од 2.230 евра. Според пријавеното, во текот на февруари 2026 година, преку посредник, стапил во контакт со пријавениот за царинење на мотоцикл од Швајцарија. Како што е пријавено, откако се сретнале во Тетово му ги дал парите, З.Ј. не го исполнил договорот и не му ги вратил парите, при што се посомневал дека е измамен.

На 06.04.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 33-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од С.Ѓ. од Охрид, вработена во приватна фирма за консталтинг. Според пријавеното, кон крајот на 2024 година стапил во контакт со пријавената за посредување за добивање германска работна виза, при што на 01.11.2024 на сметката на фирмата уплатил 24.520 денари. Како што е пријавено, иако му било ветено дека визата ќе биде готова во рок од три месеци, до денот на пријавувањето работата не била завршена.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите, велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен