Во еден ден уапсени 11 возачи низ Македонија

Вчера на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи, од кои осум за управување возило без возачка дозвола, двајца за управување на возило и покрај тоа што имале активна забрана и еден за возење под дејство на алкохол, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според статистиката, најмногу возачи упасени се на подрачјето на СВР Охрид – петмин, додека на подрачјата на СВР Скопје, СВР Тетово и СВР Битола се лишени по двајца возачи.

„Од лишените на подрачјето на СВР Охрид, тројца во Кичево биле без возачка дозвола, а еден во Кичево со активна забрана. Лишениот возач во Струга управувал возило под дејство на алкохол и со неговото возило „фолксваген голф“ предизвикал сообраќајна незгода со возило „фиат“.  Двајцата лишени во Скопје и на двајцата на подрачје на СВР Тетово управувале возило без возачка дозвола, како и еден од лишените возачи на подрачје на СВР Битола. Додека, вториот лишен на ова подрачје управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај“ велат од МВР.

Зачлени се на нашиот е-билтен