Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Еременија уапсени пет лица за спречениот „терористички напад“ врз владата

Еременската Национална служба за безбедност (НСС) денеска соопшти дека уапсила петмина осомничени во врска со спречениот „терористички напад“ врз државните институции, пренесуваат британските медиуми, повикувајќи се на ерменската агенција Арменпрес.

Агенцијата го цитираше соопштението на НСС, во кое се наведува  дека петмината осомничени, заедно со неидентификувани соучесници, планирале бомбашки напади, атентати и заземање владини згради. 

Според ерменската агенција, при претресите на домовите на осомничените истражителите пронашле оружје и муниција. 

Во информацијата на Арменпрес не се споменува мотивот за наводниот заговор.

Ерменската влада, предводена од премиерот Никол Пашинјан, постојано е повикувана да поднесе оставка откако соседен Азербејџан во септември ја врати целосната контрола врз Нагорно-Карабах, сепаратистички регион што во тоа време беше населен претежно со етнички Ерменци.

Операцијата на Азербејџан во Нагорно-Карабах доведе до масовен егзодус на речиси целото тамошно население од 120.000 етнички Ерменци, а во Ереван беа организирани протести со барање за оставка на Пашинјан, забележуваат британските меидуми. 

Зачлени се на нашиот е-билтен