Илјадници ортодоксни Евреи денеска протестираа во Ерусалим против регрутирањето млади мажи од нивната заедница во воена служба.
Поради нивниот протест кратко време беше затворен главниот автопат помеѓу Тел Авив и Ерусалим.
Ултраортодоксните Евреи со децении беа ослободени од задолжителна воена служба. Но, Врховниот суд на Израел, во јуни 2024 година, пресуди дека армијата мора да почне да ги регрутира ултраортодоксни Евреи.
Голем број ултраортодоксни Евреи ја сметаат воената служба за закана за нивниот религиозен начин на живот, особено затоа што мажите и жените служат заедно.
Израелската војска предупреди дека недостатокот на војници подготвени за борба може да ги поткопа нејзините способности.
Многу Израелци, исто така, сметаат дека е неправедно што ултраортодоксните мажи традиционално се ослободени од служба и борба на фронтот.
