Во Европа и понатаму важи фразата „Должен си како Грчка“: Тие со години се на врвот на листата, еве кој ги следи

Јавниот долг на еврозоната малку се зголеми на годишна основа во споредба со четвртиот квартал од 2023 година, кога изнесуваше 87,3 проценти од БДП.

Јавниот долг на еврозоната изнесуваше 87,4 проценти од нејзиниот БДП на крајот од четвртиот квартал од 2024 година, што е малку пониско од 88,1 процент од БДП на крајот од третиот квартал од 2024 година, објави Евростат.

Како што е наведено, јавниот долг на Европската Унија на крајот од четвртиот квартал од минатата година претставува 81 процент од нејзиниот бруто домашен производ, што е помалку од 81,6 проценти во третиот квартал.

Јавниот долг на еврозоната малку се зголеми на годишна основа во споредба со четвртиот квартал од 2023 година, кога изнесуваше 87,3 проценти од БДП. Трендот на раст од година во година е забележан и во Европската Унија, бидејќи јавниот долг таму изнесуваше 80,8 проценти од нејзиниот бруто домашен производ на крајот од четвртиот квартал од 2023 година.

Најзадолжени земји од Европската Унија во четвртиот квартал од 2024 година беа Грција со долг од 153,6 проценти од БДП, Италија 135,3, Франција 113, Белгија 104,7, Шпанија 101,8.

Најмалку задолжени земји се Естонија, чиј национален долг изнесувал 23,6 проценти од БДП, Бугарија 24,1, Луксембург 26,3.

Во 16 земји од Европската Унија е забележано годишно зголемување на државниот долг во споредба со четвртиот квартал од 2023 година, додека намалување е регистрирано во 11 земји-членки, според веб-страницата на Евростат. Најголемо зголемување на јавниот долг во однос на БДП во однос на истиот период минатата година е забележано во Романија за 5,9 проценти, Полска за 5,7 проценти, Финска за 4,5 проценти, а најголемо намалување во Грција за 10,3 проценти, Кипар за 8,6 проценти и Хрватска за 4,3 проценти.

Зачлени се на нашиот е-билтен