Стрип центарот на Македонија од Велес го заврши имплементирањето на циклусот од 5 (пет) изложби, како дел од Грантот “All we are saying is GIVE INCLUSION A CHANCE!“, со завршната изложба којашто беше отворена вчера во просториите на Европската куќа во Скопје.
На изложбите се изложени најдобрите дела од наградниот стрип конкурс на темата инклузија на кој се пријавија 263 млади автори од различни етнички и географски средини.
Воедно, дел од учесниците на овој конкурс учествуваа на неколкудневна стрип работилница во с. Нежилово, Велешко, кадешто ги усовршија и доработија своите стрип дела.
На отворањето на изложбата беше промовиран и соодветниот каталог каде се објавени стриповите, со претставување и на самите автори, нивните училишта и ментори и беа доделени допломи и сертифати за учеството на учениците, на професорите-ментори и на училишта.
Грантот со кој е реализиран овој проект е дел од вториот повик отворен повик за предлози за Младинскиот меѓукултурен уметнички фонд во рамки на програмата „Градиме нови мостови“ на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.