Во фалбите на Мицкоски, СДСМ гледа губитник во паника поради растечкото незадоволство кај граѓаните

Социјалдемократите во предизборната реторика кај Мицкоски за „успешна влада“ и „реформи“ гледаат обид да се прикрие растечкиот страв од падот на рејтингот и гневот кој се акумулира кај граѓаните поради неспособноста и хаосот што оваа власт го создаде.

Тие јавно го прашаа Мицкоски, дали тој навистина смета дека граѓаните не гледаат што се случува во државата дека ќе поверуваат оти нема корупција, дека ветувањата од програмата кои останаа само на хардија, дека има реформи, додека институциите се претвораат во партиски испостави?

Дека ќе поверуваат во реформи, додека најважните ветувања од програмата останаа на хартија?

„Владата нема со што да се пофали, па сега преку лажна помпа се обидуваат да го деморализираат нардот да ги казни на изборите. Попусто се обидува Мицкоски да создаде илузија на поддршка која одамна ја нема. Вистината е болна за ВМРО-ДПМНЕ, по само една година владеење, народот е разочаран, ветените промени не постојат, а секојдневието на граѓаните е сè потешко. Гледаме институционален хаос, партизација без срам, нула реформи во правдата, афери без разрешница и молк за сите скандали кои ги тресат институциите“, велат од СДСМ.

Според опозициската партија во ваква состојба, Мицкоски може да повторува колку сака дека нема корупција и дека владата функционира стабилно, но народот не живее во наративот на премиерот, туку во реалноста што ја создаде неговата неспособна влада. И таа реалност е сурова.

„Изјавите на Мицкоски не се израз на сила, туку одраз на паника. Паника поради изгубената доверба, растечкото незадоволство и се појасната порака од граѓаните, ова не е промената што ја очекуваа“, велат од СДСМ..

Зачлени се на нашиот е-билтен