Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Франција повторно евакуирани неколку аеродроми поради закани за бомби

Неколку француски аеродроми денеска повторно се евакуирани по нови закани за бомби. Станува збор за аеродромите во Бордо, Нант, Лил и Монпеље, а дојава стигнала и на аеродромот во Бове.

Летовите се пренасочени и се очекуваат значителни доцнења во текот на целиот ден, а на лице место се полициски и контрадиверзантски екипи.

„Во Франција 17 аеродроми добија дојави за бомба, што доведе до евакуација на 15 аеродроми, откажување на 130 летови и многу доцнења“, изјави францускиот министер за транспорт Клеман Бон.

Тој предупреди дека лажните пријави не се шега, туку дека се работи за криминални дејствија.

Француската влада се закани со затвор и високи парични казни за оние кои испраќаат закани за бомби, а властите се сомневаат дека можеби за тоа се одговорни млади луѓе и деца.

Според француските закони, ваквите повици се казнуваат со затвор до три години и парична казна од 45.000 евра.

Франција ја подигна безбедноста на највисоко ниво од петокот вечерта, откако наставник беше убиен во училиште во францускиот град Арас, а главен осомничен е Мохамед М, кој претходно и ветил верност на Исламска држава. п

Зачлени се на нашиот е-билтен