Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Германија 18-годишник починал од повреди од петарда, 15 полицајци се повредени, а 300 демонстранти се приведени

Најмалку 15 полицајци се повредени на новогодишната ноќ во огномет низ Берлин, а околу 300 демонстранти се приведени, од кои многумина поради прекршување на Законот за експлозиви, пишува германскиот весник „Билд“.

Весникот наведува дека во Горни Палатинату, во Баварија, осумнаесетгодишник починал од повредите со кои се здобил од петарда, наведува весникот.

Во Берлин се повтори минатогодишното сценарио кога избувнаа немири во кои демонстрантите користеа петарди и ракети за огномет, а германската полиција пријави серија напади врз припадници на Итната помош, но и врз обични граѓани.

Иако полицијата процени дека Нојкелн, еден од 12-те берлински области, ќе биде најголемата фокусна точка, се покажа дека областа пред градското собрание во близина на Александарплац стана место на меѓусебни конфликти, каде што околу 500 луѓе, главно млади луѓе меѓусебно се нападнале со петарди и ракети кои ги испукале право во толпата.

Нападнати биле и полицајци, а евидентирани се и неколку апсења. Во болниците во Берлин се примени 10 лица со тешки повреди од пиротехнички средства.

Треба да знаете
Moже да ве интересира