Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Германија екстремната левица презема одговорност за прекинот на струјата во фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин

Левичарска екстремистичка група ја презеде одговорноста за прекинот на напојувањето со струја во фабриката на „Тесла“ во близина на Берлин, велејќи дека тоа е чин на протест против американскиот производител на автомобили.

„Денеска ја саботиравме „Тесла““, се вели во писмото групата.

Во раните утрински часови запален електричен столб предизвика голем прекин на електричната енергија во регионот во близина на фабриката.

Производството во единствената европска фабрика на „Тесла“ во Грунхајде беше прекинато, а фабриката беше евакуирана. Погодени беа и бројни домаќинства во регионот.

Државната криминалистичка полиција започна истрага.

Групата веќе беше осомничена дека извршила подметнување пожар врз напојувањето на градилиштето на „Тесла“ во 2021 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен