Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Германија годинава се очекува бројот на илегални мигранти да биде најголем од 2016 година

– Бројот на илегални мигранти во Германија годинава се очекува да биде најголем од мигрантската криза во 2016 година, јави ДПА, повикувајќи се на официјални податоци.

Минатиот месец федералната полиција регистрираше 21.366 лица кои илегално влегле во земјата – двојно повеќе од јули, кога бројката беше 10.714. Месечните бројки се највисоки од февруари 2016 година, кога 25.650 лица илегално ја преминале границата. Во екот на бегалската криза предизвикана од сириската граѓанска војна, речиси 112.000 луѓе илегално влегле во Германија.

Годинава се очекува да пристигнат уште повеќе мигранти без документи, со оглед на фактот дека од јануари до септември бројката веќе достигна 92.119. 

Зачлени се на нашиот е-билтен