Листите се поднесени само од коалиции и политички партии и до крајниот рок не беше поднесена независна листа.
Прв на Листата на коалицијата за локални избори 2025 година од СДСМ е Бојан Зафировски, претседател на ОО СДСМ Гостивар. Листата на коалицијата „Твоја Македонија (ВМРО-ДПМНЕ) ја предводи генералниот секретар на УМС, Мартин Андоновски. Коалицијата ВЛЕН / ВРЕДИ со носителот Башким Хасани ќе ја бара довербата на граѓаните, а листата на Коалицијата Национална алијанса за интеграции (НАИ) ја предводи Валдет Џафери. Листа со кандидати поднесе и Движење ЗНАМ – За наша Македонија која ја предводи Бранислав Серафимоски. Партијата Левица за прв пат ќе бара влез во општинскиот совет со листа која ја предводи Никола Исаковски.
Двете поголеми партии на турската заедница поднесоа листи, Движење за национално единство на Турците (ДНЕТ) со носител Доган Пурде и Демократска партија на Турците на Македонија-Скопје (ДПТМ) со Шерафедин Беба.
ОИК ги прифати кандидатурите за градоначалник на општина Гостивар на четворица кандидати. Во законскиот рок се пријавени тројца кандидати кои имаат партиска поддршка и еден како независен. Највозрасниот има 60 години, а најмладиот 35. Како независен и кандидатот на група избирачи е Висар Адеми (50) универзитетски професор. Кандидат на Политичка партија Левица е ИТ инженер Дарко Грујоски (35). Ваљбон Лимани (45) лекар ендокринолог и актуелен градоначалник е адут на коалицијата (Национална алијанса за интеграција – НАИ). Највозрасниот Себаедин Даути правник е ќе ја води трката за градоначалник од редовите на коалицијата ВЛЕН-ВРЕДИ.