Во предградијата градот Селидове, источна Украина се водат улични борби помеѓу руските сили и украинските трупи, јавија проруски блогери.
Изминатите недели руската армија опколи неколку градови во Доњецк принудувајќи ги украинските сили на повлекување.
Во градот се водат борби за секоја улица, една по една. Интензивиран е нападот врз Селидов, објави познатиот проруски блогер од Украина, Јуриј Подољак.
Борбите во Селидове досега не ги коментираше ниту Москва ниту Киев.
Русија во моментот контролира околу 80 проценти од Донбас и напредува на запад кон тактички важните центри Покровск и Курахова.
Руските сили окупираа една петтина од Украина и контролираат 98,5 отсто од Луганск и 60 проценти од Доњецк.