Меѓународниот регистар на штети предизвикани од руската агресија сега е во функција. Ова го соопшти заменик-шефицата на Кабинетот на претседателот на Украина Ирина Мудра за време на конференцијата „Враќање на правдата за Украина“.
„Пред две години, пред една година, малку луѓе веруваа во самиот концепт на Меѓународниот механизам за компензација, а денес ја лансираме неговата прва компонента – Меѓународниот регистар на штети. Ова е големо достигнување не само за украинскиот тим, туку исто така за целата меѓународна заедница, револуционерен настан за глобалното меѓународно право. Регистарот стана возможен поради невидената поддршка од целиот свет, вклучително и судбоносната Резолуција на Генералното собрание на ОН и вклучувањето на Европската унија и земјите од Г7“, вели Заменик-шефицата на Кабинетот на претседателот Зеленски.
Работиме со меѓународни партнери на подготовка на правен инструмент со кој ќе се формира Комисија за компензација. Комисијата е таа што ќе додели исплати.
„Во тек се консултации за полнење на Фондот за компензација со замрзнатите средства на Руската Федерација, бидејќи агресорот мора да плати за страдањата на земјата“, рече Ирина Мудра.
Меѓународниот регистар на штети е компонента на сеопфатниот меѓународен механизам за компензација. На 18 мај 2022 година, со декрет на претседателот на Украина беше формирана работна група за развој и спроведување на меѓународен правен механизам за надомест на штета. Со него претседаваше шефот на Кабинетот на претседателот Андриј Јермак, а со соодветната област претседаваше Ирина Мудра.
Регистарот ќе започне да прима апликации за категорија А3 (физички лица). Неговото име е „Оштетување или уништување на станбени недвижности“. Севкупно, ќе се состои од 40 категории и ќе прифаќа апликации од засегнати физички лица, правни лица и од државата Украина. Ова особено вклучува смртни случаи, тортура, сексуално насилство, телесни повреди, принудно раселување и принудно преселување на лица, губење на имот и приход, оштетување на критична инфраструктура и други државни објекти, оштетување на историското и културното наследство и оштетување на животната средина.
Меѓународниот регистар на штети е дигитална платформа. Апликациите ќе се прифаќаат преку мобилната апликација Diia или веб-порталот https://diia.gov.ua/. За да поднесете апликација, потребно е да пополните електронски формулар, да обезбедите лични податоци и релевантни докази (документи, записи, изјави, фотографии, видеа или други материјали кои ја потврдуваат штетата).
Во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на руската агресија во Хаг учествуваше и Северна Македонија за што украинската амбасадорка во земјава се заблагодари преку објава на Твитер на 770 ден од целосната руска инвазија врз Украина.
770.Го цениме учеството на Северна Македонија (02.04.24,Хаг)во работата за создавање на Специјален трибунал за злосторството на руската агресија. Злосторници кои извршија убиства во Буча,Ирпињ…мора да бидат изведени пред лицето на правдата Неказнувањето само ги охрабрува руските агресори за уништување на животи, напиша Дир.