Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Херсон ранети пет лица, меѓу нив и тригодишно девојче

Во руското ракетно гранатирање на Херсон денеска пет лица се повредени, меѓу кои и едно тригодишно девојче, изјави украинскиот министер за внатрешни работи Игор Клименко.

„Сите се здобиле со рани од шрапнел, а внуката и бабата се повредени додека биле во нивниот двор. Тие биле погодени од непријателска артилерија во близина на влезот“, напиша Клименко на Телеграм, пренесува Гардијан.

Украинските власти денеска соопштија и дека во синоќешните руски ракетни напади врз југоисточниот регион две лица загинале, а најмалку седуммина се повредени.

Нападите се случија откако воздухопловните сили на Киев соопштија дека Русија истрелала 38 беспилотни летала на нејзина територија во текот на ноќта – најголем број пријавени во повеќе од шест недели. 

Зачлени се на нашиот е-билтен