Министерот за хрватски бранители Томо Медвед денеска на гробиштата на Св. Марија Магдалена, во Госпиќ ,на местото на ексхумација на останки од Втората светска војна и повоениот период, соопшти дека е пронајдена масовна гробница со 40 останки, пишува Индекс.хр.
– Ова е примарна гробница, познато е дека Госпиќ и неговата околина се место на големи страдања, а ова место на кое се пронајдени многу траги од огнено оружје и голем број чаури, како и траги од врзување, само го потврдува тоа, изјави Медвед.
Тој додаде дека во претходната фаза од ексхумацијата биле пронајдени и закопани над 100 останки од тој период.
За време на мандатот на оваа хрватска влада беа истражени 81 локација на гробишта од времето на Втората светска војна и повоениот период, при што беа ексхумирани останките на 1.943 лица, а Медвед најави дека оваа програма ќе продолжи.