Пожар предизвикан од истекување на гориво по судир меѓу приватен автобус и мотоцикл на патот меѓу јужните индиски градови Бенгалуру и Хајдерабад усмрти најмалку 20 лица, јавија индиските медиуми повикувајќи се на локални претставници.
„Од вкупно 41 патник, 21 е спасен. Меѓу останатите, досега се идентификувани телата на 11 лица“, изјавил за новинската агенција ANI окружниот службеник А. Сири.
Слични несреќи во Индија
Во слична несреќа минатиот месец, 19 лица загинаа во западната индиска сојузна држава Раџастан, кога се запалил приватен автобус, потсетува Ројтерс.
Агенцијата наведува дека, иако Индија е третиот по големина автомобилски пазар во светот, земјата има едни од најсмртоносните патишта, а минатата година во сообраќајни несреќи загинале околу 180.000 луѓе низ целата држава.


