Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Иран започнува пријавувањето на кандидатите за претседателските избори закажани за крајот на јуни

Во Иран денеска почнува петдневниот рок за кандидатура за предвремени претседателски избори, кои се одржуваат по загинувањето на Ебрахим Раиси во хеликоптерска несреќа.

Кандидати за изборите закажани за 28 јуни можат да бидат лица на возраст од 40 до 75 години и мора да имаат најмалку магистерски студии.

Сите потенцијални кандидатури мора да бидат одобрени од Советот на чувари на Револуцијата, 12-члено тело составено од адвокати и истакнати верски водачи надгледувано од иранскиот врховен водач, Али Хамнеи.

Советот никогаш не прифатил жена за кандидат или некој кој повикува на радикални промени во управувањето со државата, потсетуваат политичките аналитичари.

Фаворит би можел да биде вршителот на должноста претседател на земјата, Мохамед Мокбер. Како можни кандидати се и поранешниот тврдокорен претседател Мохамад Ахмадинеџад и поранешниот реформски претседател Мохамед Катами, но прашање е дали ќе им биде дозволено да се кандидираат.

Треба да знаете
Moже да ве интересира