Во иста вечер два случаи на семејно насилство во Струга

На 11.12.2025 во 22:45 часот на кеј „8 Ноември” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода С.Р.(30) од Скопје, кој претходно, во семејниот дом во Струга физички ја нападнал неговата невенчана сопруга

Истата вечер, во 02:10 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Ќ.Ќ.(33) од струшкото село Радолишта, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата невенчана сопруга.

По документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни пријави информираат од СВР Охрид

Зачлени се на нашиот е-билтен