Турските безбедносни сили во Истанбул уапсија експерт за бомби на терористичката група Исламска држава, соопштија денеска безбедносни извори.
„Во заедничка операција, полицијата и тимовите на турската национална разузнавачка служба го уапсија осомничениот, идентификуван само со иницијалите А.Ј.А., во населбата Султанбејли во градот“, изјави анонимен извор за Анадолија.
Додаде дека осомничениот бил вклучен во обука на членовите на терористичката група за изработка на експлозиви, кои ги користеле во терористички напади во Сирија и Ирак.