Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври загинаа 31.819 Палестинци

 Во израелските напади врз Појасот Газа од 7 октомври минатата година, досега, загинаа 31.819 Палестинци, а 73.934 се повредени.

Oд Палестинското Министерство за здравство во Газа дадени се информации за израелските напади врз Појасот Газа во текот на 165 дена.

Наведено е дека во нападите на израелските сили врз Појасот Газа во последните 24 часа загинале 93 Палестинци, а 142 се повредени. 

Бројот на убиени Палестинци од 7 октомври минатата година се зголеми на 31.819, а бројот на повредени на 73.934.

Од Министерството посочуваат под урнатините и покрај патот има уште тела, но поради препреки на израелските сили, медицинските екипи и службениците за цивилна заштита не можат да дојдат до нив.

Израел, кој е обвинет за геноцид, почна со напади врз Појасот Газа по 7 октомври минатата година и прекуграничниот напад на Хамас.

Треба да знаете
Moже да ве интересира