Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во катастрофално погодениот регион на Босна и Херцеговина сѐ уште се трага по 10 до 15 лица

Досега на подрачјето на Јабланица и Коњица се пронајдени телата на 15 лица, а по 10 до 15 исчезнати сѐ уште се трага.

„Сѐ уште се трага по 10 до 15 лица“, потврди раководител на Секторот за односи со јавноста при кантоналната Влада на Херцеговско-неретванската жупанија, Дарко Јука, пренесе денеска Н1.

Тој посочи дека е воспоставена патна комуникација меѓу Мостар и Јабланица, но само за возила на спасувачките служби и за итни случаи.

„Сите служби се на терен, нон-стоп без прекин“, рече Јука, додавајќи дека заедно со нив на терен се и околу 300 волонтери, од кои повеќето во Јабланица.

Апелираше и да не се оди самоиницијативно во погодените подрачја.

„Секој што сака да помогне на каков било начин нека се обрати до Оперативниот центар за цивилна заштита“, додаде Јука.

Луѓето кои останаа без домови беа сместени во локалните хотели и во Домот за стари лица во Јабланица, додека мнозинството најде сместување кај пријатели и роднини во станови и семејни куќи во Јабланица и Коњица.

Зачлени се на нашиот е-билтен