Во Кочани вечерва е отворен Центар за млади

Во Кочани  вечерва е отворен Центар за млади, односно Центар за психо-социјализација, кој, идејните творци, Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“,  којашто произлезе по после трагедијата од 16 – ти март годинава, го нарекоа „Гнездо“. 

Објектот располага со неколку простории од над стотина квадратни метри површина и комплетно е опремен и уреден со финансиска подршка на општествено одговорна компанија.

Од страна на волонтерите на „Супорт Кочани“, Центарот за психо-социјализација (Центар за млади) е именуван „Гнездо“, затоа што, како што рекоа, тоа име симболизира место каде што се чувствуваш сигурно, безбедно, каде се поврзуваш со другите и на крај, подготвен си да леташ сам. 

Во овој Центар ќе има едукативни, креативни и психолошки работилници, ќе може да се слика и црта, да се пишува, да се прават рачни изработки. Планирани се мотивациски говорници, активности за подобрување на психолошкото здравје и многу други нешта што ќе ги привлечат младите да создават нови вредности, информираше Ана Вучева од „Супорт Кочани“.

Од Супорт Кочани рекоа дека се надеваме оти создале топло и тивко место за дружење,  кое ќе овозможува надеж за подобра иднина на младите.

Зачлени се на нашиот е-билтен