Граѓаните на Кочани не избраа градоначалник во првиот круг од локалните избори. Вториот круг ќе се одржи на 2 ноември, а кандидатите кои ќе се борат за градоначалничката позиција се независниот Венко Крстевски и д-р Владко Грозданов, исто така независен кандидат, поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.
Според досега преброените 80,47% од гласовите, Крстевски има освоено 23,67% или 2.704 гласа, додека Грозданов води со 39,95% или 4.564 гласа.
Гласањето во вториот круг ќе го одреди новиот градоначалник на Кочани, а излезноста и резултатите ќе бидат следени во живо.