Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Во Мадрид околу 170.000 лица протестираа против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти

Околу 170.000 лица денеска маршираа низ улиците на Мадрид на досега најмасовниот протест против Законот за амнестија на каталонските сепаратисти, за кој се договорија шпанските социјалисти и сепаратистичките каталонски и баскиски партии во замена за поддршка за формирање на новата влада.

До демонстрации дојде само два дена откако шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез освои нов четиригодишен мандат со поддршка на Каталонците и Баскијците.

Британските медиуми јавуваат дека на маршот, организиран од граѓански групи, присуствуваа и лидери на опозицијата.

Амнестијата ќе опфати околу 400 лица кои беа вклучени во кампањата за независност на Каталонија, што кулминираше со референдумот за независност во 2017 година.

Своевремено, шпанските судови овој референдум го прогласија за незаконски, а неговите лидери ги затворија.

Зачлени се на нашиот е-билтен